x

Google Pixel 4: Голем дисплеј, 6GB RAM и многу повеќе!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Август, 2019 од GSM.mk

По претставувањето на Note 10 серијата, време е да се фокусираме на други премиум уреди кои ги очекуваме до крајот на годината. Пред неколку дена се појавија информации за Motorola One Zoom, а сега знаеме и дел од спецификациите на Pixel 4:

Google Pixel 4 и Pixel 4 XL ќе доаѓаат со 5.7 и 6.3 инчни екрани. И кај двата ќе станува збор за OLED панел со резолуција од 2280 x 1080 пиксели кај помалиот и од 3040 x 1440 пиксели кај поголемиот.

Иако според претходните информации се зборуваше дека во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 855 Plus, сепак изгледа дека ќе работат на "послабиот" Snapdragon 855. Како стандард, Google обично користи најмалку 4GB RAM, а веројатно кај Pixel 4 серијата ќе има и помоќна верзија од 6GB RAM со 64 и 128GB меморија.

Google Pixel 4 XL CAD-based render - Huge Google Pixel 4 specs leak: 90Hz display, 6GB of RAM, much more

Завршувајќи ги внатрешните карактеристики, процесорот ќе биде придружен од батерија со 2 915 mAh и 3 430 mAh. 

Како што може да се забележи од сликата, на задниот дел ќе се наоѓа систем од три камери кој ќе се наоѓа во горниот лев агол. Главниот сензор ќе биде од 16 мегапиксели, придружен од 12 мегапикселен, широкоаголен сензор.

Google Pixel 4 concept render based on official information - Huge Google Pixel 4 specs leak: 90Hz display, 6GB of RAM, much more

Претставувањето на Pixel 4 серијата ќе биде во октмоври.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.