x

Google Pixel 4a: Карактеристики, цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Мај, 2020 од GSM.mk

Од каракатеристики па се до фотографии и цени, за Pixel 4a веќе се познати речиси сите информации...

Pixel 4a пристигнува наскоро. Од него веќе се појавија неколку фотографии и видеа од тоа како би изгледал.


Бидејќи е буџетски смартфон, на задниот дел ќе има само една камера, најверојатно од 12.2 мегапиксели.


Во однос на самиот дизајн е комбинација меѓу Pixel 3 и Pixel 4 со пластична конструкција. Димензиите ќе бидат од околу 144.2 x 69.5 x 8.2mm.

Под хаубата ќе се наоѓа Snapdragon 730 со 6GB RAM и 64GB меморија. Батеријата е од 3080 mAh. Ќе биде достапен во најмалку две бои, сина и црна. Најверојатно, ќе биде најавен и бел модел. За жал, нема да поддржува 5G.

Со ваквите карактеристики, неговата цена ќе биде околу 400 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.