x

Google Translate сега може визуелно да препознае 13 нови јазици

Категорија: Занимливости Објавено на 17 Октомври, 2018 од GSM.mk

Новиот апдејт на смартфон апликацијата Google Translate ќе им овозможи на корисниците визуелно препознавање на нови 13 јазици..

Од 2015 година па наваму Google Translate е во состојба да препознае и преведе текст напишан на менија, производи во супермаркети и билборди, поточно сето она што објективот на камерата на телефонот може да го прикаже.

Апликацијата започна со можноста да препознае 27 светски јазици пред три години, а во октомври оваа година стигна до бројката од 50 јазици.

До крајот на минатата недела тој број беше зголемен на 63 јазици, а помеѓу 13-те дополнителни јазици кои беа додадени на визуелниот репертоар на апликацијата Google Translate се арапски, бенгалски, хинду и панџаби јазикот, кои инаку спаѓаат помеѓу најраспространетите јазици во светот.

Иако нема да ги има истите можности, смартфонот Google Pixel 3 кој пристигнува на почетокот на ноември ќе ја користи апликацијата Google Lens, која на многу сличен начин ги прави визуелните преводи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.