x

Google ветува: рекламите нема да се појавуваат насекаде

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Март, 2017 од GSM.mk

Гигантот за интернет пребарување одговори на поплаките од брендовите клиенти со невообичаено јавно извинување и ветување дека ќе работи подобро.

„Јасно и гласно ги слушнавме нашите рекламни агенции дека можеме да обезбедиме поедноставни начини нивните реклами да не се појавуваат до контроверзни содржини“, напиша директорот на Google Ронан Харис во неговиот блог пост.

Google е најголемата рекламна компанија на интернет и рекламите што се откупуваат преку нејзините платформи се шират на стотици илјади веб=страници и милиони видеа на Youtube.

Компанијата има многу строги правила што исклучуваат говор на омраза, погрешни информации и нелегални активности, но со оглед на огромниот обем, секогаш има одредени ризици и некој може да ги злоупотреби „дупките“ во системот.

Извинувањето аледи откако компанијата беше повикана од британската влада да објасни зошто реклами на групи финансирани со пари на даночните обврзници се појавуваат покрај содржини на екстремистички идеологии, како видеа на поранешниот лидер на ККК Дејвид Дјук и хомофобичниот свештеник ког го бранеше и фалеше пукањето во ноќниот клуб во Орландо.

Британските служби рекоа дека привремено ги суспендирале сите реклами од платформата преку која ги промовира BBC, воените ограноци, туристичките бироа и други јавни организации.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.