x

Грешки кои ги правиме при користењето на смартфоните

Категорија: Совети Објавено на 03 Јули, 2017 од GSM.mk

Голем дел од луѓето денеска поседуваат и користат смартфони, но некои од нив прават глупави грешки во користењето. Со оглед на бројот на лични податоци што се чуваат во смартфоните, подобро е да бидете внимателни во користењето и чувањето на телефонот.

Еве неколку глупави грешки што ги применуваат корисниците на смартфоните:

1. Смартфонот не е заштитен со лозинка

Според некои податоци, дури 62 проценти од корисниците не го заштитуваат својот уред со лозинка, иако на тој начин имаат 33 проценти поголеми шанси да бидат жртви на кражба на идентитет.

2. Автоматско логирање на апликациите за финансии и е-банкарство

Голем дел од корисниците не се одлогираат од ваквите апликации, а околу 32 проценти ја имаат активирано опцијата за автоматско логирање. 

3. Снимање, чување и праќање разголени фотографии

Петтина од тинејџерите што користат смартфони пратиле фотографии на кои се целосно или делумно разголени на некои од своите пријатели, а добар дел од тие фотографии потоа биле препратени на некој друг корисник.

4. Кликнување на линкови од непознати и сомнителни мејлови

Четири проценти од сите кражби на идентитет почнуваат вака. Дневно се праќаат околу 156 милиони фишинг пораки.

5. Објавување фотографии од одмор додека сте на одморот

Ова е премногу глупав начин да им ставите на знаење на злонамерниците и крадците дека нема никој во вашиот дом.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.