x

Грешки кои го скратуваат животот на вашите уреди

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 12 Април, 2017 од GSM.mk

Понекогаш, сите несвесно правиме работи кои се погрешни. Кои се најчестите грешки при користењето на мобилните телефони и другите уреди, a го скратуваат нивниот животен век?

Го оставате мобилниот/таблетот целосно да се испразни

Ова не е добро, бидејќи новите батерии немаат ефект на памтење и најдобро е да се полнат кога ќе се испразнат до 20 или 10 отсто од капацитетот, а најдобро е да се полнат речиси до врвот - но не до 100%. Доколку се придржувате до ова, капацитетот и животниот век на батеријата ќе траат подолго.

Користите неоригинални полначи

Знаеме дека се значително поевтини од оригиналните, но освен што се ризични по безбедноста, може да ја оштетат и батеријата на уредот, но и самиот уред.

Ја формирате батеријата

Ова важеше во минатиот век. Кај денешните телефони, нема потреба да се формира батеријата.

Лаптопот постојано е приклучен на полнач

Константното држење на лаптопот на полнач го намалува животниот век на неговата батерија.

Го користите лаптопот потпрен врз телото

Отворите на лаптопот мораат да дишат, односно да го исфрлаат топлиот воздух од внатрешноста. Ако ова е отежнато, доаѓа до прегревање. Најлошото сценарио е користење на лаптоп на перница, ќебе… Секогаш мора да има доволно простор помеѓу подлогата и лаптопот за воздухот да циркулира.

Го оставате телефонот свртен со екранот кон сонцето

Ова не е добро ни за батеријата ни за екранот. Прегревањето е една од најчестите причини за дефекти. Телефонот секогаш оставајте го на површина која не е директно под сончева светлина.

Го бришете теелфонот/мониторот/екранот со што ќе стигнете

Средствата за хигиена или чистење прозори содржат состојки кои можат да го оштетат екранот. Никогаш не прскајте течност директно на екранот, туку исчистете го со влажна крпа, по што ќе го избришете со сува крпа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.