x

GTA 5 има поголема заработка од кој било филм во историјата

Категорија: Занимливости Објавено на 12 Април, 2018 од GSM.mk

GTA 5 поради популарноста на останатите наслови во серијалот и многубројните новости кои ги носеше со себе, стана вистински хит и постигна историски резултати во продажба.

Милиони продадени копии се редеа во текот на годините и Grand Theft Auto V сега дојде до бројка од вртоглави 90 милиони продадени примероци на сите платформи.

Аналитичарот, Даг Креутз, во разговор за MarketWatch процени дека GTA5 досега на компанијата Take-Two им донела профит од неверојатни 6 милијарди долари, со што по заработка оваа игра ги надминува сите филмови кои забележаа најголем успех на благајните, како што се „Star Wars“ и „Gone With the Wind“, кои собраа по 4 милијарди, а и „Avatar“ останува во сенка на оваа игра, барем кога е заработката во прашање.

Кога работите ќе ги погледнеме од оваа перспектива, GTA 5 е уметничко дело со најголема заработка во историјата на човештвото.

Интересно е тоа што оваа мегапопуларна игра нема да застане на оваа заработка, затоа што е познато дека најмногу пари доаѓаат од страна на онлајн компонентите, кои редовно добиваат нови содржини, преку кои ги враќаат играчите во игра и со самото тоа добиваат уште повеќе пари.

Го очекуваме и излегувањето на GTA 6, за која досега не постојат конкретни информации, туку само шпекулации.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.