x

GTA 6 е инспирирана од серијата „Narcos“ на Netflix

Категорија: Забава Објавено на 04 Јули, 2019 од GSM.mk

Новото продолжение на популарниот серијал видеоигри за криминал и крадење автомобили Grand Theft Auto 6, ќе се вика Project Americas и е инспириран од серијата „Narcos“ на Netflix.

Дејството во GTA 6 ќе биде сместено во Вајс Сити и нова фиктивна локација во Рио де Жанеиро.

Дел од мисиите се одвиваат во Либерти Сити, но не станува збор за отворен свет, објави корисник на Redditt.

Играта наводно е сместена во 70-тите и 80-тите години и ќе има некои аркадни елементи, во стилот на остатокот од серијалот.

Нема да биде реалистична како Red Dead Redemption 2.

Играчите ќе бидат во улогата на Рикардо, маж кој се обидува да стане „крал на дрогата“. Порај него, како наративен лик се појавува и Кејси.

Дел од играта се одвива во огромен затвор, а фокусот ќе бде ставен и на временски непогоди, како урагани, поплави и слично.

Games Radar објави дека зградите ќе се менуваат како што поминува времето и дека во план е одличен саундтрак.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.