x

Gun Bros

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 03 Ноември, 2012 од GSM.mk

Доколку сте љубител на 3д акционите игри на вашиот андроид телефон со задоволство ви ја претставуваме Gun Bros

Платформа: Android


Tип на игра: 3Д Акција од птичја перспектива.


За самата Игра:

Имате две различни контроли распоредени во спротивните агли на вашиот екран,едната контрола е за движење на вашиот војник а  другата контрола е за насочување на правецот на пукање.Целта на оваа игра е да се преживее што е можно повеќе непријателски бранови.Како напредувате и се повеќе ги преживувате непријателските бранови така собирате минерали кои ви овозможуваат купување на нови оружја,нова опрема со што го зајкнувате вашиот војник.Со овај систем на награди можеме да кажеме дека играта има и RPG елементи кои ја прават овааа игра да биде се повеќе и повеќе зависна за играње. 


                           


Позитивни страни:

Иако секое ниво премногу е слично на претходното, играта е премногу заразна и динамична, заради кое се погрижиле и самите програмери кои додале голем број на оружја и опрема кои ја прават играта да биде се по разнолика и го тера играчот се повеќе да се труди да заработува нови оружја како полесно би гo поразил непријателот. Тука е иинзвонредната музика која го прави играњето да се чуствувате како да сте во вистинска војна.

                           


Негативности:

За жал мулти тач интефејсот е негативна страна кај оваа игра,тоа значи дека понекогаш вашиот војник нема да се движи на начинот на кој вие сакате.Друга негативна страна е тоа што некоја опрема и оружја не можат да се купат само со играње т.е може да си ги дозволите само ако ги купите со вистински пари со што на некој начин доколку сакате да бидете добро опремени мора да потрошите некој долар.


Лиценца: Бесплатна

Линк за превземање                          

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.