x

Хакери и жртви: Кои се најбарани податоци и по која цена се продаваат?

Категорија: Занимливости Објавено на 23 Февруари, 2018 од GSM.mk

Податоци како кориснички имиња и лозинки за разни сервиси како е-пошта, Facebook, Twitter, Netflix и слично се најбарана „стока“ на интернет, па хакерите и сајбер-криминалците плаќаат големи суми пари за да дојдат до вакви информации.

Експертите за безбедност од компанијата „Experian“, врз основа на податоци од дарк веб од изминатите две години, ги објавија најбараните лични податоци меу хакерите, како и нивните цени.

За еден долар се продаваат податоци како идентификациски број и корисничко име и шифри за нефинансиски сервиси.

Kориснички имиња и шифри за сервиси за плаќање како PayPal се продаваат за 20 до 200 долари, а за информации од кредитни и дебитни картички се плаќа 5 до 110 долари.

Податоци за сервиси на претплата се продаваат по цена од 1 до 10 долари, а 20 долари чинат информации за возачка дозвола. За 30 долари може да добиете пакет информации за корисници (број за идентификација, адреса и други податоци што им се од корист на хакерите).

Малку поголема сума се плаќа за податоци од диплома (од 100 до 400 долари), медицински податоци (до 1.000 долари, во зависнот од податоците), а најдобро котира американскиот пасош што на дарк веб се плаќа од 1.000 до 2.000 долари.

Експертите нагласуваат дека голем број од хакерските упади се извршени со користење на податоци украдени пред 2 до 6 години, па препорачуваат да ги менувате шифрите и лозинките и да користите сложени комбинации.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.