x

Хакиран банкомат во Хрватска исфрли 10.000 евра на улица

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Септември, 2019 од GSM.mk

Хрватските полицајци во текот на ноќта собраа речиси 10.000 евра од улица, по грабежот на банкомат во близина на канцеларијата на Хрватската пошта во Сплит, пренесува Слободна Далмација.

Весникот објави дека веднаш по полноќ, крадецот стигнал до банкоматот и отстранил дел од предната плоча над екранот, поврзан со внатрешните инсталации и му дал упатства на банкоматот за исплата на готовина. Тој собрал значителна сума без да знае дека се огласил аларм, кој ја известил надлежната компанија за обезбедување.

Припадник на обезбедувањето брзо дошол на местото на настанот, му пришол на човекот и го прашал дали му е потребна помош. Крадецот се збунил, па не кажал ништо, по што лицето од обезбедувањето претпоставило дека станува збор за странец кој не го разбрал прашањето. Потоа крадецот избегал, а банкоматот почнал да исфрла пари.

Веднаш биле повикани полицајци, кои собрале околу 70.000 куни, односно близу 9.500 евра. Од банкоматот наводно се украдени повеќе од 30.000 евра.

Истрагата е во тек.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.