x

Хакиран телeфон: Паничарите без причина или?

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Март, 2018 од GSM.mk

Сите сме имале некој момент кога сме се прашале дали некој гледа што правиме на мобилниот. Паранојата заменете ја со конкретни факти со нашиот водич за параноични љубители на мобилни.

Хакерите се насекаде и се реалност, но прашањето е: Дали хакерите ме гледаат баш мене или само сум параноичен? Иако на ова прашање не може да се одговори со стопроцентна сигурност, ќе се обидеме да ви посочиме на кои симптоми треба да обрнете внимание пред да ве фати паника.

Еј, абе како го прават тоа?

Пред да ги разгледаме симптомите, да ги разгледаме методите кои хакерите ги користат за да добијат пристап до смартфонот на жртвата. Наједоноставниот начин е да го искористат вашето невнимание и на кратко да го позајмат вашиот телефон за да ви инсталираат непожелни апликации.

Со поврзување на непозната Wi-Fi мрежа може да се поврзете со виртуелно Wi-Fi на хакер кое глуми вистинско и кое одвај чека вашиот уред да инсталира непожелни апликации.

Третата и поретка метода е поврзување со непознат USB кабел кој всушност е маскиран USB диск, кој на вашиот уред инсталира злонамерен софтвер или од него ги собира вашите приватни податоци. Тука е и методата со SMS phishing, односно одговарање на необични пораки од непознати испраќачи.

Добро, сега ми е јасно. А кои се симптомите на хакнат телефон?

Првата работа на која треба да обрнете внимание е батеријата која невообичаено брзо се празни. Доколку имате стар уред, веројатно не се работи за хакер, туку за животниот век на батеријата, но доколку имате релативно нов уред кој брзо се празни, а кој има и низа активни апликации во позадина кои не ви се познати, веројатно сте жртва на хакери.

Дополнителните симптоми се чудни броеви во листата на повици, како и често вклучување и исклучување на уредот.

Исто така, чест симптом е и ехо при повиците, како и неможност да се пристапи до основните подесувања на уредот. Доколку не можете да го намалите или зголемите звукот, а неконтролирано ви се засилува или намалува светлото на екранот, можеби вашиот уред е заразен.

Како да се заштитите?

Избегнувајте ситуации кои ги наведовме. Не го позајмувате телефонот на луѓе кои не ги познавате, но ви препорачуваме да не го оставате на дофат и на луѓе кои ги познавате додека сте и на кратко отсутни, како на пример додека отиде до тоалет кога сте во кафуле. Проверувајте на каков „бесплатен интернет” се поврзувате. Не кликајте на сомнителни или непознати линкови.

Се разбира, никогаш не е на одмет да посегнете по старите добри антивирусни програми.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.