x

Хакирање на Segway преку мобилен

Категорија: Забава Објавено на 02 Август, 2017 од GSM.mk

Истражувачите за компјутерска сигурност од IOActive открија ранливост во системот за моторизираните ховерборди кои стануваат сè попопуларно превозно средство кај младите.

Стручњакот за комјутерска сигурност Томас Килбрајд набавил Segway MiniPro и набрзо открил дека може лесно да се хакне, бидејќи аплиакцијата со која доаѓа има слаба заштита, па одлучил да демонстрира како хакер со помош на Android телефон може целосно да превземе контрола врз возилото, дури и кога на него се наоѓа корисникот.

Успеал да го изгаси моторот за време на возење, да закочи за да го исфрли возачот и да го украде возилото, како што можете да видите во видеото подоле.

Томас открива дека не мора да се користи ПИН-от на возачот за да се поспостави конекција, а со Segway може да се поврзе преку дифолтниот ПИН 000000 со што автоматски се заобиколува сигурносниот систем. Покрај ова, ја документирал и комуникацијата помеѓу аплиакцијата и Segway, со обзир дека не е енкриптирана, а успеал и да аплоудира своја надградба на фирмверот во неа, со обзир на тоа дека системот не врши проверка на компјутерскиот систем кој е инсталиран. На овој начин, апликацијата преоѓа во рацете на хакерите, кои можат да прават што сакаат со возилото.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.