x

Heart Rate апликација измами iPhone корисници и им украде пари!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Декември, 2018 од GSM.mk

"Heart Rate" апликацијата, која беше достапна во App Store, измами голем дел од iPhone корисиниците, крадејќи им над 100 долари..

Станува збор за "Heart Rate" апликацијата, која наместо камерата, ја користеше Touch ID опцијата за мерење на пулсот. Постај голем број апликации кои го мерат пулсот користејќи ги задните камери, па Touch ID опцијата изгледаше како "поиновативно решение'.

Сепак, постоело причина зашто била користена токму оваа опција. Заедно со пулсот, апликацијата ја користела идентификацијата на корисникот за правење на други купувања. Како што знаете, за купување на апликации во App Store, наместо пишување на лозинка, може да го користите вашиот отпечаток како идентификатор. Токму на овој начин, Heart Rate апликацијата успеала да украде повеќе од 100 долари од секој корисник. 

За среќа, Apple изјави дека работи на случајот и ќе се потруди да ги врати парите на оштетените корисници. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.