x

Hide Tweet: Нова опција на Twitter која ќе ги заштити корисниците од навредлива содржина

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Март, 2019 од GSM.mk

Од Twitter вчера беше потврдено дека социјалната мрежа добива нова опција, која би требало да ги заштити корисниците од навредливи твитови, коментари, па и навредлива содржина..

Опцијата „Hide tweet“ е дизајнирана за да им овозможи на луѓето да се ослободат од Twitter „тролови“ и твитови со навредлива содржина.

Преку неа, корисниците ќе можат да ги скријат одговорите кои не им се допаѓаат, а кои се напишани под нивниот оригинален твит. Останатите корисници и понатаму ќе можат да ги видат одговорите под твитот, но само откако ќе притиснат на „Show tweet“.

Инспирацијата позади „Hide tweet“ стои во постојаната борба на девелоперите на Twitter против навредливиот говор, контроверзните твитови и малтретирањето на социјалните мрежи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.