x

Honor: 1 милион продадени Honor 9 единици за 28 дена!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Јули, 2017 од GSM.mk

Honor е една од компаниите чија татковина е Кина, но се стреми да стекне популарност надвор од својата земја. Иако е сеуште непозната во Америка, компанијата постигна голем успех во Европа и другите делови од светот...

Големата популарност се потврди и со успехот на Honor 9. Уредот има премиум дизајн, одлични перформанси и дуален систем камери, а сепак неговата цена е само 450 евра. 

Токму поради ваквите спецификации компанијата ужива во неговиот успех од милион продадени единици за помалку од месец дена. Иако ова не изгледа на толку голем успех, во споредба со Galaxy S8 и S8 Plus, претставува голем напредок за Honor. 

Според IDC, Huawei, партнерот на Honor, држи само 10% од глобалниот маркет на смартфони, а тука се вклучени и Honor и Huawei уредите. Од друга страна, Samsung има повеќе од 23.3%. Ваквата споредба е доволна за да се забележат разликите кај двете компании.

Како и да е, Huawei постигна голем успех за многу мал временски период, кој сигурни сме дека ќе станува се поголем и поголем. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.