x

Honor 20 Lite: Цена, достапност и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Мај, 2019 од GSM.mk

Деновиве, Honor го најави својот нов смартфон, кој официјално ќе биде достапен од 15 мај. Еве што нуди:

Познат како Honor 20 Lite, новиот уред на компанијата доаѓа со 6.2 инчен дисплеј, резолуција од 1080 x 2340 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 83.08 %. Всушност, високиот тело-дисплеј сооднос е една од неговите најдобри карактеристики. Истотака, станува збор за голем панел, придружен од минимални рамки и мал notch за селфи камерата. Во целост, станува збор за стаклена конструкција со метална рамка.


Како и повеќето модерни смартфони, доаѓа со систем од три камери на задната страна. Од нив, главниот сензор е од 24 мегапиксели, придружен од втор широкоаголен сензор од 8 мегапиксели и трета камера од 2 мегапиксели. Предната камера е истотака солидна, од 32 мегапиксели.

Преминувајќи во внатрешноста, ќе работи на Kirin 710, со 4GB RAM и 512GB меморија. Батеријата е со капацитет од 3400 mAh.

Од 15 мај, Honor 20 Lite ќе биде достапен во сина и црна боја.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.