x

Honor 9 Lite: Kirin 659 и дуален систем камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Декември, 2017 од GSM.mk

Деновиве, Honor е во центарот на вниманието, откако изјави дека дел од смартфони на компанијата ќе добијат Android Oreo update. Сега, се појавија нови информации за ненајавен уред на компанијата, познат како Honor 9 Lite..

Најпрво, благодарение на новите фотографии веќе го знаеме изгледот на уредот. Станува збор за смартфон од средната класа кој ќе доаѓа со дуален систем камери и скенер за отпечатоци на задната страна. 

Во внатрешноста на Honor 9 Lite ќе се наоѓа Kirin 659 процесор, придружен или од 3GB RAM/32GB меморија или 4GB RAM/64GB меморија. Дуалниот систем ќе доаѓа со 13 и 2 мегапикселни камери. 

На предната страна, ќе се наоѓа 5.65 инчен FHD+ дисплеј со 18:9 сооднос. Батеријата ќе биде од 2900mAh. 

Honor 9 Lite официјално ќе биде претставен на 21 декември.  

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.