x

Honor ќе претстави телефон со отвор во екранот на почетокот од 2019 година!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Декември, 2018 од GSM.mk

Компанијата во сопственост на Huawei, Honor, само што го најави својот следен уред, кој ќе биде претставен на почетокот од 2019 година..

Судејќи според постерите кои се појавија, изгледа дека Huawei ќе биде првата компанија во светот која ќе претстави телефон со отвор во екранот, наместо Samsung. Иако Samsung ги претстави своите планови за 2019 година уште одамна, Huawei сепак ќе претстави ваков иновативен уред порано, во јануари. 

Станува збор за смартфон, кој наместо познатиот "notch", ќе доаѓа со отвор во дисплејот, наменет за селфи камерата. Заедно со фотографијата, слоганот за новиот уред е "Seen the unseen", што означува дека Honor навистина ќе претстави иновативен уред на почетокот од годината, со големи и интересни промени на предната страна, особено кај екранот и камерата. 

Претсавувањето е закажано на 22 јануари, 2019 година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.