x

Honor Note 9 доаѓа со 6GB RAM и батерија од 4600mAh!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 06 Август, 2017 од GSM.mk

Големиот Honor Note 8 беше претставен пред точно една година и, нормално, неговата нова верзија ќе биде најавена во истиот период, една година подоцна..

Сеуште не знаеме дали Honor Note 9 ќе доаѓа со огромниот 6.6 инчен дисплеј на неговиот претходник, но знаеме дека станува збор за edge-to-edge дисплеј без рамки. Уредот ќе содржи и дуален систем камери од 12 мегапиксели, како и голема батерија од 4600mAh, која е и повеќе од потребна, бидејќи Honor Note 9 најверојатно ќе биде најголемиот смартфон на пазарот. 

Под хаубата, ќе се наоѓа Kirin 965, подобрената верзија на Kirin 960, која сеуште не е најавена. Процесорот ќе биде придружен од 6GB RAM и 64GB меморија и ќе биде најавен во септември. Звучи интересно!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.