x

Honor претстави два нови и евтини таблети

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 21 Октомври, 2016 од GSM.mk

Изгледа дека 6X смартфонот и S1 часовникот нема да бидат единствените нови производи за Honor, откако компанијата најави и нов таблет до крајот на годината..

Се претпоставува дека уредот ќе има 8 инчен екран (1200x1920 дисплеј), Qualcomm Snapdragon 616 SoC процесор и 3 гига RAM. Таблетот ќе пристигне со 16 или 32GB меморија која може да биде понатаму проширена. Истотака, ќе има задна камера од 8 мегапиксели и предна од 2 мегапиксели.

Исто како Honor 6X, таблетот ќе работи на Android 6 Marshmallow и ќе биде достапен во бела и златна варијанта.  Цените ќе започнуваат од 148 долари за 16GB верзија и 193 долари за 32GB верзијата. 

Таблетот ќе биде достапен од 25 октомври.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.