x

HTC изгуби голема сума на пари во последниот квартал од 2019!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 25 Март, 2020 од GSM.mk

HTC можеби има позитивни предвидувања за 2020-та, но минатата година дефинитивно лошо заврши за компанијата...

Всушност, ова е седмиот квартал на компанијата со загуба, без знаци на никакво подобрување. Компанијата позади првиот Android смартфон најави дека приходот паднал од 2.45 милијарди долари во претхдоните три месеци, на 1.80 милијарди долари за периодот од октомври до декември во 2019 година.

Ова е директен резултат на оперативната маржа на компанијата, која падна од веќе лошите -98.6% на катастрофални -122.1%. HTC го претстави Vive Cosmos VR уредот, заедно со Exodus 1s и Desire 19s смартфоните во последниот период од 2019-та. За жал, овие уреди покажуваат многу мал знак за подобрување на состојбата во новата година. 

Единствена работа која во моментот може да ја подобри состојбата за HTC е претставувањето на навистина успешен 5G смартфон. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.