x

HTC наскоро ќе напушти уште еден глобален смартфон пазар!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Мај, 2019 од GSM.mk

Последните неколку години, HTC значително го намали својот смартфон бизнис, со цел да ги намали и последиците од малите продажби..

Поради слабите продажби, HTC има напуштено неколку клучни пазари, а сега изгледа дека и кинескиот пазар е следен.

Најавено преку кинеската веб-страна Weibo, HTC потврди дека "повремено" ќе ги прекине смартфон продажбите на JD.com и Tmall. Но, компанијата изјави дека корисниците сеуште ќе може да ги купуваат уредите преку официјалната HTC веб-страна. За жал, смартфони како HTC U11 и HTC U11+ во моментот сепак се недостапни за купување.

Одлуката за прекинување на продажбата била донесена откако компанијата добро ја анализирала својата "долгорочна бизнис стратегија" за Кина, каде главниот фокус е на VR продажба. Инаку, кај овие VR уреди нема да има никакви промени во однос на нивната продажба на кинескиот маркет.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.