x

HTC подготвува наследник на Butterfly

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 28 Март, 2013 од GSM.mk

HTC ќе го објави наследникот на телефонот Butterfly, кој кон крајот на минатата година беше пуштен во Јапонија и Тајван, а подоцна се појави и во САД под името Droid DNA

Потпретседателот на маркетинг на HTC  Benjamin Ho, објави дека продажбата на Butterfly кој бил специјално конфигуриран според потребите на одредени мобилни оператори, билa силнa и поради тоа неговиот наследник ќе се појави под истото име на серијата. При претставувањето, HTC Butterfly беше првиот паметен телефон со 5" full HD екран.

Според официјалните податоци, првиот Butterfly во Јапонија во одреден период успеал да го надмине во продажба дури iPhone 5. Во јануари во Тајван имаше недостиг од уредот и оние кои сакаат да се здобијат со него требаше да чекаат многу повеќе од вообичаеното. За жал, поради недостаток на компоненти овој телефон не се појави во Европа, иако имавме големи надежи за тоа. Според Benjamin Hо, сега проблемите со снабдувањето веќе се надминати и наследникот на овој успешен модел можеби конечно ќе стигне и до Европа.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.