x

HTC U 11 ќе биде поевтин од HTC U Ultra!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Мај, 2017 од GSM.mk

Останаа само уште неколку часа до претставувањето на HTC U 11. Ајде да се потсетиме на неговите спецификации:

Наводно, уредот ќе има 5.5 инчен дисплеј со резолуција од 1440x2560 пиксели. Под хаубата, ќе се наоѓа Snapdragon 835, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија, или 6GB RAM и 128GB меморија.

Бидејќи станува збор за премиум модел, U 11 нема да биде евтин, но, според новите гласини, ни премногу скап. Според новите гласини од Тајван, уредот би требало да чини околу 662 долари во горенаведената земја.

Како што знаете, цените се различни за различни земји, но во секој случај, телефонот би требало да биде поевтин од неговиот претходник U Ultra. Инаку, U Ultra чини 750 долари на американскиот пазар.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.