x

HTC U Ultra постигна изненадувачки резултати на тестовите за неговата батерија!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Март, 2017 од GSM.mk

Тенок, елегантен и модерен, HTC U Ultra е уред со премиум дизајн. Но, уредот има и други квалитетни карактеристики, меѓу кои е и издржливоста на неговата батерија..

HTC U Ultra доаѓа со 5.7 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 1440 x 2560 пиксели и батерија од 3000mAh. 

Добрите вести се, што уредот постигна позитивни резултати за време на тестирањата на неговата батерија. Телефонот работеше цели 7 часа, што е малку полошо од резултатите на Galaxy S7 Edge и Google Pixel XL, но подобро од OnePlus 3T.

Траење на батеријата

Повеќе е подобро!

HTC U Ultra 6h 56 min (Average)

HTC 10 7h 10 min (Good)

Apple iPhone 7 7h 46 min (Good)

Apple iPhone 7 Plus 9h 5 min (Excellent)

Samsung Galaxy S7 6h 37 min (Average)

Samsung Galaxy S7 edge 7h 18 min (Good)

Google Pixel 7h 45 min (Good)

Google Pixel XL 7h 19 min (Good)

OnePlus 3T 5h 41 min (Average)

Друг клучен момент поврзан со батеријата е времето кое е потребно за да се наполни од 0 на 100%. HTC U Ultra постигна добри резултати и тука: Целосно се полни за 1 час и 40 минути, речиси исто како Galaxy S7 Edge и дури малку побрзо од iPhone 7 и iPhone 7 Plus.

Време потребно за полнење

Помалку е подобро! (во минути)

HTC U Ultra 100min

HTC 10 100min

Apple iPhone 7 141min

Apple iPhone 7 Plus 197min

Samsung Galaxy S7 88min

Samsung Galaxy S7 edge 99min

Google Pixel 119min

Google Pixel XL 118min

OnePlus 3T 85min





Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.