x

HTC U11 EYEs доаѓа на 15 јануари: Еве како изгледа

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Јануари, 2018 од GSM.mk

HTC U11 EYEs, истотака познат како HTC Harmony, ќе биде претставен следната недела. Еве како изгледа:

Официјалното претставување е закажано за 15 јануари, а продажбата ќе започне на 17 јануари, најпрво во 3 земји - Кина, Хонг Конг и Тајван. Во Хонг Конг, цената на U11 EYEs ќе биде 400 долари.

Уредот доаѓа со Snapdragon 652, 4GB RAM и 64GB меморија. Дисплејот ќе биде 5.9 инчен со 18:9 сооднос. Ќе работи на батерија од 3930mAh. Не се познати многу податоци за камерите, но знаеме дека ќе вклучува dual-LED блиц и скенер за отпечатоци веднаш под задната камера.

 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.