x

Huawei го потврди најзначајниот новитет на следниот флегшип модел

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Март, 2019 од GSM.mk

Во последните неколку години Huawei полека, но сигурно фаќа приклучок со гигантите од телефонската индустрија, а тоа ги прави купувачите возбудени за секоја нова информација која доаѓа од оваа кинеска компанија.

Од Huawei стигна потврда за една од најзначајните карактеристики на најновиот флегшип телефон на компанијата – моделот P30 Pro, кој на крајот на овој месец ќе биде претставен во Париз.

Новиот Huawei P30 Pro ќе има перископска суперзум камера, која на овој уред ќе му овозможи напреден, многу моќен зум до 10 пати. Тоа го потврди потпретседателот за глобален маркетинг на компанијата, Клемент Вог. Според неговите зборови камерата на P30 Pro ќе може да прави „нешто што ниедна камера досега не успеала“.


Таквиот оптички зум би можела да овозможи некој вид на механичка леќа, што секако би било забавно да се види на еден смартфон, пишува The Verge.

Постојат информации дека камерата на новиот модел ќе има и значителни подобрувања во однос на ноќниот мод на сликање и снимање, што ќе овозможи да се „фаќаат“ ултраквалитетни фотографии и покрај недостатокот на светлина.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.