x

Huawei го претстави новиот оперативен систем HarmonyOS

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 10 Август, 2019 од GSM.mk

Huawei го лансира новиот оперативен систем HarmonyOS.

Основачот на кинескиот технолошки гигант, Ричард Ју, на денешната конференција за развој на Huawei го претстави новиот оперативен систем.

HarmonyOS најпрво ќе биде употребуван во Кина, а подоцна планираат проширување и на глобално ниво. Во наредните три години ќе се користи на сите Huawei уреди.

Да се потсетиме дека откако американските компании ѝ откажаа соработка, Huawei се реши да развие сопствен оперативен систем кој ќе биде именуван HongmengOS (HarmonyOS). Според тврдењата од кинеската компанија, тој ќе биде побрз од главните конкуренти Android и iOS и ќе има повеќе распространета примена.

Како работи HarmonyOS?

HarmonyOS e отворен систем, што значи дека и други уреди ќе можат да се приклучат на него. Целта на HarmonyOS е да направи сопствен софтер кој ќе го користат најразлични уреди. Освен на смартфони, HongmengOS може да се користи и на рутери, мрежни свичови, таблери, компјутери, па дури и на дата центри.

Ју вели дека префрлувањето на новиот ОС ќе трае само еден до два дена и ќе биде едноставно и лесно.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.