x

Huawei ја закажа премиерата на новата серија P30

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Март, 2019 од GSM.mk

Значителниот успех во минатата година ја натера компанијата Huawei да размислува за проширување на производната линија. Гласините за серијата P30 се присутни уште одамна, но изгледа дека нема да чекаме многу додека да се појават овие смартфони.

На Twitter профилот на Huawei преку краток тизер денеска беше потврдено дека кинеската компанија ќе организира настан во Париз на 26 март, во чиј главен фокус ќе биде премиерата на новиот смартфон P30. Тизерот сугерира дека главната карактеристика на новиот уред ќе биде камерата, односно нејзината можност за зумирање.


Токму камерата беше главната предност на моделите P20 Pro и Mate P20 Pro, кои имаа три телефото леќи и петкратен хибриден зум. Но, како што стојат работите, изгледа дека новиот P30 ќе има помоќна и посовремена камера со подобрен зум.

Гласините велат дека Huawei во Париз ќе претстави стандардни верзии на P30 со три задни камери, додека моделот P30 Pro ќе има четири камери на задната страна. Huawei има обичај да користи Mate чипсет од најновата серија за новиот флегшип модел од серијата P, така што може да се очекува овие смартфони да пристигнат со Kirin 980 процесор.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.