x

Huawei ќе претстави нов телефон со 7.1 инчен екран и батерија од 4900mAh!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Септември, 2018 од GSM.mk

Пред неколку дена се појавија информации за нов Huawei уред со интересни спецификации..

Станува збор за уред кој е сличен на Honor 8X Max и, сега за сега, знаеме дека ќе биде достапен во црна и бела боја. Ќе доаѓа со 7.1 инчен LCD панел со резолуција од 1080 x 2244 пиксели. Една значителна промена во однос на 8X Max е под хаубата. Додека Honor 8X Max работи на Snapdragon 636 од 1.8GHz, новиот уред ќе има брзина од 1.95GHz.


Покрај тоа, новиот телефон ќе биде снабден со батерија од 4900mAh, како и две вертикално поставени камери на задната страна од 16 и 2 мегапиксели, придружени од селфи камера со резолуција од 8 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци истотака ќе се наоѓа на задната страна. Последно, знаеме дека процесорот ќе биде придружен од 4GB RAM и 128GB меморија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.