x

Huawei купи руска технологија за препознавање лица

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Јуни, 2019 од GSM.mk

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei ги откупи правата на интелектуална сопственост на системот за препознавање лица што го дизајнираше рускиот девелопер и производител на хејтек безбедносни технологии Vokord.

Исто така, одреден брох работници од московски Vokord ќе бидат префрлени во Huawei како дел од договорот вреден 50 милиони долари, информираат извори блиски до двете компании, пренесува Vedomosti.

Рускиот огранок на компанијата Huawei, заедно со Huawei Digital Technologies од Хонгконг наводно ќе станат сопственици на правата на интелектуална сопственост за патентите на Vokord за опрема и технологија за препознавање лица.

Новоформираната компанија наводно ќе се вика Eagle Softlab и се очекува рускиот огранок на Huawei да поседува 99,99% од новоформираната компанија.

Основан во 1999 година, Vokord дизајнира софтверски и програмерски решенија засновани на интелигентни алгоритми за преработка на видеа.

Компанијата се фокусира на препознавање лица, автоматско препознавање на регистерски таблички, видеоаналитика и препознавање примероци, видеообработка и подобрување на видеа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.