x

Huawei Mate 10 Pro vs. Mate 10 Porsche Design: Кои се разликите?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Февруари, 2018 од GSM.mk

По Mate 10 Pro, Huawei претстави нова верзија од уредот, наречена Mate 10 Porsche Design. Додека цената на Mate 10 Pro е 799.99 долари, Mate 10 Porsche Design чини 1225 долари. Па, со какви подобрувања доаѓа Porsche моделот поради кои има и повисока цена?

Huawei Mate 10 Pro и Mate 10 Porsche Design доаѓаат со многу сличности, како што се 6 инчниот дисплеј, резолуцијата од 1080 x 2160 пиксели и исти камери на задната и предната страна. Под хаубата, во двата се наоѓа HiSilicon Kirin 970 и батерија од 4000mAh. Една од позабележливите разлики е што Mate 10 Pro доаѓа со 128GB меморија, а Mate 10 Porsche Design доаѓа со двојно повеќе, меморија од 256GB. 

Друга позабележлива разлика е во дизајнот. Mate 10 Pro е достапен во две бои - Titanium Gray и Midnight Blue, додека Mate 10 Porsche Design е достапен само во една, ексклузивна, Diamond Black варијанта.

Mate 10 Porsche Design во Diamond Black


Mate 10 Pro во Titanium Gray
Mate 10 Pro во Midnight Blue
Во споредба со Mate 10 Pro, Mate 10 Porsche Design доаѓа со неколку додатоци во кутијата, како што е кожната маска, полнач за во автомобил и Porsche Design VIP картичка. Истотака, иако и двата работат на Android 8 Oreo, интерфејсот на Porsche Design уредот е прилагоден да го рефлектира брендот по кој е именуван.

Би платиле 425 долари повеќе за Porsche Design верзијата?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.