x

Huawei Mate 9 Pro: Еден од најдобрите Android смартфони во моментов!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 26 Август, 2017 од GSM.mk

На почетокот, Huawei го најави Mate 9 заедно со неговата премиум верзија, Mate 9 Porsche Design. Набрзо, се појави и Mate 9 Pro, смартфон идентичен на Porsche Design, но со многу поевтина цена. Уредот веднаш ги освои нашите срца, а еве и зошто:

Huawei Mate 9 Pro може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 39990 денари.

Дизајн

Huawei Mate 9 Pro е премиум смартфон кој, како што рековме, има идентичен изглед со Mate 9 Porsche Design. На предната страна се наоѓа флексибилниот edge-to-edge дисплеј и Home копчето, каде се наоѓа и скенерот за отпечатоци. Кога сме кај скенерот за отпечатоци, корисниците тврдат дека е еден од најбрзите и најточните сензори досега. Достапен само во две бои, сива и златна. 

Дисплеј и камери

Mate 9 Pro доаѓа со 5.5 инчен дисплеј, иста големина како онаа на iPhone 7 Plus, и резолуција од 1440x2560 пиксели. На задната страна се наоѓа дуален систем камери од 20 и 12 мегапиксели, а селфи камерата е од 8 мегапиксели. Ја има истата портрет функција како iPhone 7 Plus, која ви овозможува одлични слики и фотосесии :). 

Перформанси

Под хаубата, се наоѓа Kirin 960, заедно со 6GB RAM и 64GB меморија. Работи неверојатно брзо и апликациите се вклучуваат без никаков проблем. Батеријата е од 4000mAh и може да издржи речиси цел ден при лесно користење на уредот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.