x

Huawei MediaPad M5: Познати спецификациите пред официјалното претставување

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 18 Декември, 2017 од GSM.mk

MediaPad серијата таблети на Huawei е една од најевитните на пазарот, а уредите во неа обично нудат одлични перформанси кои вредат за нивните цени..

Спецификациите на новиот MediaPad M5 таблет се појавија пред неколку дена и според нив, ќе станува збор за премиум уред. Очигледно, Huawei ќе премине директно на MediaPad M5, така што нема да постојат MediaPad M4 таблети.

Исто како претходните MediaPad таблети кои работат на Kirin процесор, MediaPad M5 ќе работи на Kirin 960. На предната страна ќе се наоѓа 8.4 инчен дисплеј со резолуција од 2560 x 1600 пиксели. Ќе доаѓа со Android 8.0 Oreo.

MediaPad M5 најверојатно ќе биде најавен во јануари, следната година. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.