x

Huawei на врвот: Компанијата наскоро ќе стане најголемиот произведувач на смартфони во светот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Август, 2018 од GSM.mk

Основана во 1987, Huawei за кратко време успеа да постигне голема популарност и да се искачи на врвот во светот на смартфоните..

Компанијата започна со производство на смартфони дури во 2004 година, кога Nokia веќе беше лидер на пазарот, проследен од Samsung и Motorola. Но, во 2018, само неколку години подоцна, работите значително се променија. 

Huawei најпрво стана популарно име во Кина, а потоа се претстави и на други места од светот, како Европа, каде сега веќе сите сме запознаени со уредите на компанијата. Единствена поголема "пречка" на патот до врвот доживеа во 2017 година, кога приходот беше само 10% поголем од оној во 2016 година.

За среќа, сега работите одат на подобро, а компанијата дури го надмина и Apple во однос на продажбата на смартфони во вториот квартал од годината. Се на се, Huawei продаде 95 милиони смартфони од почетокот на годината до сега, а до крајот на 2018 очекуваме оваа бројка да стигне до 200 милиони продадени единици. 

Доколку претпоставките се точни, тоа ќе биде значително зголемување од 31% од минатата до оваа година, а според извршниот директор на компанијата, Richard Yu, со почетокот на новата година ќе имаме и нов лидер во светот на смартфоните - Huawei. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.