x

Huawei Nova 4: Флегшип или уред од средната класа?

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 04 Април, 2019 од GSM.mk

Huawei неодамна го најави новиот уред во Nova серијата. Во однос на неговите претходници, Nova 4 доаѓа со низа новитети и подобрувања...

Благодарение на спецификациите кои ги нуди, Nova 4 можеме да го наречеме премиум уред од средната класа. Има брз процесор, моќни перформанси и квалитетни камери. Истотака, одличен и модерен додаток е дупката на предната страна, наменета за селфи камерата. Цената е повеќе од привлечна - најповолна цена во Ledikom.mk за само 30,690 денари.

Она што прво ќе го привлече вашето внимание е големиот, 6.4 инчен LCD дисплеј со резолуција од 1080 x 2310 пиксели и висок тело-дисплеј сооднос од 86%. Големиот панел е придружен од сјајен дизајн на задната страна, како и систем од три камери. Благодарение на дупката во панелот, рамките околу него се речиси невидливи. Скенерот за отпечатоци истотака се наоѓа на задната страна. Достапен е во сина, црвена, црна и бела боја.

Позитивно:

  • Модерен панел со дупка за селфи камерата
  • Премиум дизајн
  • Флегшип перформанси

Негативно:

  • Нема безжично полнење
Брзите и моќни перформанси се присутни благодарение на Kirin 970 во внатрешноста, како и 8GB RAM и 128GB меморија. За долгите денови кога ви е потребен, за неговата издржливост ќе се погрижи батеријата од 3750 mAh, која доаѓа со брзо полнење.

Навраќајќи се на една од поинтересните карактеристики, Nova 4 има три камери на задната страна. Главниот сензор е од 48 мегапиксели и е придружен од 16 мегапикселен секундарен и 2 мегапикселен трет сензор. Селфи камерата е од 25 мегапиксели. Ваквите камери ветуваат квалитетни и професионални фотографии.

Како што рековме, и покрај моќните спецификации и премум дизајнот, Huawei Nova 4 е сепак уред од средната класа. Затоа, смартфонот може да го најдете по најповолна цена во Ledikom.mk - 30,690 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.