x

Huawei P10 и P10 Plus доаѓаат во април!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јануари, 2017 од GSM.mk

Кинеската компанија Huawei за многу кратко време издоминира на пазарот со своите смартфони. Според новите гласини, компанијата ќе ги претставите своите нови уреди во март или април, оваа година!

Според Yu Chengdong, CEO на Huawei, компанијата треба да ги претстави своите нови смартфони во март или април. Тоа се одлични вести, бидејќи претходните Huawei уреди, P8 и P9 истотака беа претставени во април.

Уредите треба да се појават со Kirin 960 процесор и 6GB RAM. Компанијата повторно работи со Leica, за да претстави дуален систем на камерите, од кои секундарната би требало да го подобрува квалитетот на фотографиите, слично како кај P9. Други очекувани карактеристики се безжично полнење и флексибилен екран.Освен овие два моќни уреди, Huawei работи на P10 Lite, заедно со уште два телефони, сега за сега, познати под името Vicky и Victoria.

Неодамна, Huawei го претстави Mate 9 фаблетот во Америка. Уредот има 5.9 инчен дисплеј со резолуција од 1080p и работи на Kirin 960 процесор. Има 4GB RAM и 64GB меморија, а чини 600 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.