x

Huawei P11 ќе доаѓа со 40 мегапикселна задна и 24 мегапикселна селфи камера!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Декември, 2017 од GSM.mk

Откако Huawei стапи во партнерство со Leica за производство на камерите на своите смартфони, компанија почна да посветува посебно внимание на нивните перформанси, дури и ако станува збор за уреди од средната класа..

Според новите информации, Huawei работи на ѕверски камери за новите уреди во P серијата. Според фотографиите кои се појавија, Huawei P11 ќе доаѓа со 40 мегапикселна Leica камера со три леќи и 5x зум. Значи, станува збор за три леќи на задната страна, 40 мегапиксели, 5x зум и 24 мегапикселна селфи камера.


Но, тоа не е се. На промо постерите се забележува "Pro" ноќна опција, која наводно целосно ќе ги искористи новите сензори и оптики. Сеуште не се знае како точно ќе работи и за што станува збор. Покрај информациите за камерите, знаеме дека P11 ќе доаѓа со новиот Kirin 970 процесор. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.