x

Huawei: P20 и P20 Plus доаѓаат на 27 март со три камери на задната страна!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Февруари, 2018 од GSM.mk

Huawei веќе испрати покани за 27 март за настанот кој ќе се одржи во Париз и каде ќе бидат претставени новите уреди во P20 серијата..

P20 и P20 Plus ќе бидат првите смартфони кои ќе имаат три камери на задната страна, а една од камерите ќе доаѓа со 5x зум. На поканата се забележува Ајфеловата кула во Париз, каде и ќе се одржи настанот. 

Покрај нив, ќе биде претставен и Huawei P20 Lite. Деновиве од уредот се појавија фотографии на кои се забележуваат вертикално поставени камери на задната страна и дизајн на дисплејот сличен како оној на iPhone X. P20 Lite ќе доаѓа со 5.8 инчен дисплеј и резолуција од 1080 x 2280 пиксели. 

P20 Lite


Повеќе информации за P20 моделите ќе дознаеме на 27 март. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.