x

Huawei P20 ќе доаѓа со дизајн без рамки и 18.7:9 сооднос

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2018 од GSM.mk

Huawei е третата најголема компанија во светот на смартфоните и наскоро се припрема да го претстави својот нов премиум уред - Huawei P20..

Денес, се појавија неколку нови информации за уредот од кои дознавме неколку интересни детали, на пример дека ќе доаѓа со 18.7:9 тело-дисплеј сооднос. Сеуште не е позната неговата големина, но се зборува дека ќе биде со резолуција од 1,080 x 2,244 пиксели или Full HD+.


Други компании имаат сличен дизајн кај своите уреди: LG користи 18:9 сооднос за LG V30,  Samsung користи сооднос од 18.5:9, а сега Huawei ќе користи уште поголем сооднос, од 18.7:9. Други информации за P20 сеуште не се познати, освен дека ќе доаѓа со Android 8.0.0 Oreo, што е и очекувано.  

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.