x

Huawei P20, P20 Pro и P20 Lite: Ова се цените во Европа

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Март, 2018 од GSM.mk

Huawei веќе потврди дека трите нови P20 смартфони ќе бидат претставени на 27 март. Но, досега не ги знаевме нивните цени..

Иако веќе ги знаеме повеќето спецификации, едно нешто што беше мистерија досега за уредите, беа нивните цени. Благодарение на Roland Quandt, сега ги знаеме цените на уредите во Европа. На прв поглед, изгледа дека најмоќниот Huawei P20 модел ќе биде поскап од Galaxy S9, но многу поевтин од Galaxy S9 Plus.

Цената на Huawei P20 Pro во Европа ќе биде 899 евра, додека регуларниот P20 модел  ќе биде достапен по цена од 679 евра. Главната камера меѓу двата најверојатно ќе биде во бројот на камери. 

Најевтиниот од трите, Huawei P20 Lite ќе биде претставен по цена од 369 евра, што значи дека ќе станува збор за уред од средната класа.

Бидејќи ќе бидат претставени при крајот на март, сите три Huawei P20 модели најверојатно ќе започне да се продаваат во април. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.