x

Huawei P30: Смартфон со супер моќи и супер камери!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 07 Мај, 2019 од GSM.mk

За 2019-та година, Huawei P30 е еден од смартфоните со највозбудливи спецификации, особено во однос на камерите. Токму затоа, со големо нетрпени и вобзуда чекавме да ги тестираме неговите перфоманси. Ова се резултатите:

Дизајн

Од P30, ја добивме Saphire Crystal верзијата, која изгледа уште подобро од што изгледа на фотографиите. Станува збор за бисерна нијанса, која како што го мрдате уредот менува боја и изгледа неверојатно. Екранот е одличен и со супер баланс на контраст/светлина/бои. Станува збор за 6.1 инчен панел, со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, 19.5:9 сооднос и notch. Лично ни се допадна што не е заоблен, бидејќи некогаш ваквата карактеристика доведува до дисторзија на бои. Дефинитивно се заљубивме во задната страна, која крадеше погледи секогаш кога ќе го изнесевме во јавност.

Софтвер

Huawei не крие дека е инспириран од iOS, за што говорат голем број на команди „позајмени“ од оперативниот систем на Apple. Ова го гледаме како огромна предност, бидејќи софтверот е флуиден, едноставен и со одлични функции.

Хардвер

Скенерот на отпечатоци, кој е вметнат под дисплејот, е брз и функционира одлично. Сеуште не е брз како оние со копче, но сепак доволно брзо за секојдневно користење. За останатите брзи перформанси и брзо вклучување на апликации се погрижи процесорот Kirin 980. Истотака, батеријата која е од 3650 mAh, се полни брзо, а е доволно голема за брзите перформанси на телефонот.

Камери

Се разбира, најинтересното го оставивме за крај. Како крал на камерите за 2019-та година, P30 дефинитивно ја оправдува оваа титула со системот на камери кои ги нуди. На задната страна се наоѓаат три сензори. Меѓу нив, главниот е од неверојатни 40 мегапиксели, секундарната камера е од 16, а третата од 8 мегапиксели. Соработката со Leica дефинитивно носи огромен бенефит – сликите се одлични и балансирани на реалноста, нешто што го цениме. Широкоаголната камера е прав погодок, може да се слика од блиску или далеку со неа. Стандардната камера ви дава едни од најдобрите фотки сликани со телефон, додека пак зумот е чист на x3, но и во комбинација со дигитален зум на x5. Предната камера е еднакво добра и одлична за селфи фотографии со своите 32 мегапиксели.

фотографии направени со Huawei P30


Финални зборови

На крај, само можеме да потврдиме дека Huawei P30 е дефинитивно еден од најдобрите смартфони за оваа година. Во однос на карактеристики, камерите се дефинитивно една од неговите најдобри и најпривлечни спецификации, но истовремено привлекува и со прекрансиот дизајн, како и одличните перформанси.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.