x

Huawei продадава 100 000 Mate X уреди на месечно ниво!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Јануари, 2020 од GSM.mk

Заедно со Samsung, и Huawei успеа да продаде поголем број на флексибилни смартфони од очекувано..

Уште во декември Samsung сподели дека има продадено околу 500 000 Galaxy Fold уреди. Цената на еден ваков уред е околу 2000 долари, што значи дека целосниот приход од Galaxy Fold досега е речиси 1 милијарда долари.

Уште една компанија која постигна одличен успех со својот смартфон на преклопување е Huawei. Иако Huawei Mate X е достапен само во Кина, сепак на месечно ниво од него се продаваат околу 100 000 долари. Се на се, тоа значи дека досега приходот од Mate X е околу 500 000 милиони долари. 

Huawei Mate X има дисплеј со целосна големина од 8 инчи. Работи на Kirin 980 и има 8GB RAM, заедно со 512GB меморија. На задната страна се наоѓа камера од 40 мегапиксели со втора 8 мегапикселна камера за портрети, 16 мегапикселна широкоаголна и ToF сензор. Батеријата е од 4500 mAh. Неговата цена е околу 2450 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.