x

Huawei работи на сопствен оперативен систем поврз од iOS и Android!

Категорија: Занимливости Објавено на 20 Јули, 2019 од GSM.mk

Откако американските компании ѝ откажаа соработка, Huawei се реши да развие сопствен оперативен систем кој ќе биде именуван HongmengOS.

Освен на смартфони, HongmengOS може да се користи и на рутери, мрежни свичови, таблери, компјутери, па дури и на дата центри, вели во интервјуто за францускиот магазин Le Point извршниот директор и основач на компанијата, Рен Зенгфеи.

Тој истакна дека HongMengOS ќе биде дури и побрз од Apple MacOS, односно дека ќе има доцнење помало од пет милисекунди во процесирањето на информации.

И покрај тоа што САД ги „омекна“ забраните према Huawei, кинескиот гигант не се откажува од развојот на својот оперативен систем HongMeng, побрза да истакне Зенгфеи. Според него, оперативниот систем ќе опфаќа многу повеќе од она што можат да го понудат Android и iOS, па затоа смета дека Huawei има добри шанси за одново да проба да го освои пазарот.

Со оглед на тоа дека може да се користи на различни уреди, HongmengOS неверојатно многу потсетува на Google FuchsiaOS.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.