x

Huawei сподели видео од Mate X на преклопување со 5G!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јуни, 2019 од GSM.mk

Откако се појавија проблемите и забраната на Huawei во Америка, иднината на Huawei Mate X, уредот на преклопување не беше јасна, но компанијата ги сподели своите идни планови...

Минатата недела, Google ги отстрани Mate X и Huawei P30 Pro од Android.com веб-страната. За среќа, Huawei изјави дека има резерви од потребните делови за производство на Mate X за цела година и официјалното претставување на овој уред можеби ќе биде дури и ова лето.


Кога е затворен, Huawei Mate X има 6.6 инчен дисплеј со резолуција од 1148 x 2480 пиксели, а истовремено задниот дисплеј е 6.4 инчен, со иста резолуција. Кога е отворен, двата екрани стануваат 8 инчен таблет со резолуција од 2200 x 2480 пиксели. Препорачаната цена за уредот кога беше првично најавен беше околу 2,600 долари.

Инаку, Mate X не само што е првиот уред на преклопување на Huawei, туку ќе биде и првиот смартфон со 5G технологија на компанијата. Ќе работи на Kirin 980, со 8GB RAM и 512GB меморија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.