x

Huawei во Скопје ја претстави извонредната HUAWEI P30 серија на паметни телефони

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Април, 2019 од GSM.mk

Уредите од серијата HUAWEI P30 се најнапредни паметни телефони на компанијата до денес со кои корисниците можат да снимаат неверојатни фотографии и видеа во секое време

Скопје, 9 март 2019 – Водечкиот технолошки бренд Huawei  денес на посебен настан во Скопје ги претстави своите нови паметни телефони Huawei P30 и Huawei P30 Pro кои на 26 март беа промовирани во Париз и веќе од следниот ден беа достапни на македонскиот пазар. Притоа, македонските купувачи  кои веќе купија телефон од серијата P30 или тоа ќе го направат во првиот месец по официјалното претставување, добиваат бесплатен Premium Service кој вклучува 90-дневно осигурување за еднократна и целосно бесплатна замена на оштетениот заден панел или дисплеј како резултат на случајно стискање на телефонот.

Уредите од серијата HUAWEI P30 се најнапредни паметни телефони на компанијата до денес, со конкурентни професионални камери, иновативен HUAWEI SuperSpectrum сензор, екстремна оптичка HUAWEI SuperZoom леќа, нова Time of Flight (TOF) камера и нова подобра OIS и AIS технологија на стабилизација на сликата. Со P30 или P30 Pro во рака, корисниците можат да снимаат неверојатни фотографии и видеа во секое време. 

Првиот систем на Leica Quad Camera во светот ги комбинира новите сензори, подесувањето на објективот, процесорот за слики (ISP), NPU и алгоритмите за обработка на слики. Тие работат беспрекорно заедно за да овозможат софистицирани професионални карактеристики на камерата.

„Имав прилика да го користам Huawei P30 и да го тестирам,посебно неговата камера. Можам да кажам дека е телефон со камера која има перформаси на моќен професионален фотоапарат, особено во делот на објективот. Професионална камера за да ги постигне истите ефекти би требала да има објектив кој чини повеќе илјадници евра. Телефонот е извонреден во сложени ситуации, со сложени светлосни услови, како на пример кога се слика преку стакло. Тој знае да го најде фокусот и да го сними тоа што посакувате. Со еден збор Huawei P30 создава такви фотографии кои слободно можат да се користат во медиуми, и тоа и во печатените кои по принцип бараат поквалитетна професионална фотографија“, велиТомислав Георгиев, професионален фотограф.

Серијата P30 нуди врвни перформанси со врвна ефикасност благодарение на процесорот HUAWEI Kirin 980со Dual-NPU кој поддржува побрзо препознавање на сликата.Под предното стакло на уредот е сензорот за отпечаток на прстот за брза и сигурнаавторизација на идентитетот. HUAWEI P30 Pro, исто така, ја има HUAWEI технологијата за акустичен дисплеј, воведувајќи маглев звучник за испорачување висококвалитетен звук во слушалките.Серијата HUAWEI P се испорачува со EMUI 9.1, која сега воведува систем за датотеки со можност за проширување само за читање (EROFS), што во голема мера ја подобрува брзината на читање на уредот за складирање. Најновиот оперативен систем исто така го поддржува HUAWEI Share OneHop за лесно споделување на датотеки помеѓу Huawei паметните телефони и персоналните компјутери.40W SuperCharge и долготрајна XXMhA батерија возможуваат овие уреди да работат повеќе од цел ден во услови на интензивна работа.Huawei P серијата вклучува и систем за ладење на графин кој ефикасно и ефективно управува со топлината.

Култната серија HUAWEI P30 се одликува со целосно нови бои инспирирани од чудата на природата. Трите нијанси: Breathing Crystal, Black and Aurora - секоја одразува различни времиња од денот.

Цената на Huawei P30 e 44.999 денари, додека цената на Huawei P30 Pro e 57.999 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.