x

Huawei Y6 (2018): Буџетска цена, солидни перформанси и модерен дизајн

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 04 Септември, 2018 од GSM.mk

Додека Huawei се искачува на врвот и постојано претставува смартфони со моќни перформанси, истовремено се грижи и за оние кои не се подготвени да фрлаат многу пари на нов уред. Деновиве ја имавме честа да го тестираме Y6 (2018) - ова е нашето мислење:

Како што рековме, и покрај тоа што Huawei станува се попопуларен бренд во однос на премиум смартфоните кои ги претставува, кинеската компанија истовремено се грижи и за буџетските корисници, нудејќи уреди како Y6 (2018). Со први зборови, Y6 би го нарекле телефон кој нуди голема моќ за малку пари. Но, да се запознаеме малку подобро со смартфонот:

На кратко, Huawei Y6 (2018) е следбеник на Y6, кој прв пат беше претставен во 2015 година, подобрен со нови спецификации и сите стандарди кои ги сретнуваме кај популарните смартфони во 2018 година. 

Во однос на дизајнот, Y6 доаѓа со традиционалниот и добропознат изглед на Huawei уредите. Во споредба со неговиот претходник, нема големи промени, но сепак вклучува неколку подобрувања. Иако станува збор за буџетски уред со пластична конструкција, нуди и неколку карактеристики кои прават да изгледа попремиум, како смалените рамки, високиот дисплеј со 18:9 сооднос, металните рамки и целокупниот елегантен дизајн. Достапен е во црна, златна и сина боја. Ние ја имавме честа да го добиеме црниот модел, кој благодарение на бојата навистина изгледа елегантно.

Кога веќе започнавме со дисплејот, станува збор за 5.7 HD+ инчен панел, со резолуција од 720x1440 пиксели и 18:9 сооднос. За буџетски уред, боите изгледаат добро и природно, иако се губи дел од острината бидејќи станува збор за HD+ панел. Како и да е не се жалиме, бидејќи благодарение на неговата големина и тело-дисплеј сооднос, Y6 е одличен за гледање на нашите омилени Netflix серии и YouTube видеа. 

Y6 (2018) можеби е буџетски смартфон, но нуди моќни квалитети, меѓу кои се и камерите. Доаѓа со задна камера од 13 мегапиксели и селфи камера од 5 мегапиксели. Некои од поинтересните функции кои ги имаат камерите се Photo, Video, HDR, Panorama, All-focus, Filter, Beauty, и Watermark. Како што би очекувале од уред од средната класа, фотографиите на нормална светлина се одлични, додека на пониска светлина се забележува малку полош квалитет. Единствениот проблем кој се појави беше при ноќното сликање без блиц. Како и да е, за секојдневно сликање и селфиња веруваме дека ќе ви завршат работа. За социјалните мрежи се и повеќе од доволни. :)

фотографии направени со Y6 (2018)

со блиц

без блиц


Во внатрешноста на Y6 2018 се наоѓа Snapdragon 425, буџетски quad-core процесор, придружен од 2GB RAM и 16GB меморија. Бидејќи станува збор за постар процесор, не очекувавме надпросечни перформанси, иако отварањето и гасењето на апликации беше исклучително брзо. Единствен проблем кој се појави е при гејмањето, но лесно може да биде решен доколку помоќните игри се играат на "low settings". Од друга страна, бевме импресионирани од "Face Unlock" функцијата, која е една од неговите најинтересни функции. Работи одлично на дневна светлина и добро осветлени простории. При пониска светлина, потребни се околу 2-4 секунди за отклучување. Од останати карактеристики во однос на перформансите, Y6 2018 доаѓа со батерија од 3000mAh, која се покажа како издржлива при лесно користење на уредот, со кратко време потребно за полнење. 

Се на се, како буџетски смартфон, Huawei Y6 (2018) ги нуди сите неопходни функции кои би му требале на нормален корисник и е дефинитивно подобрување во однос на неговиот претходник. Додека перформансите се просечни, нуди низа модерни карактеристики, како голем и квалитетен дисплеј, одлични камери и face unlock. Иако може да потрошите повеќе пари на друг уред, тоа не значи дека ќе нуди подобри карактеристики од Y6. Во однос на буџетски смартфони, Y6 (2018) е дефинитивно препорачан од нас. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.