x

Huawei Y7 Pro: Голем дисплеј, голема батерија, достапна цена!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 04 Април, 2019 од GSM.mk

Huawei неодамна го претстави новиот уред во буџетски-пријателската Y серија - Huawei Y7 Pro (2019). Да погледнеме што нуди:

Од поистакнатите спецификации, Y7 Pro нуди голем дисплеј, голема батерија и пристојно ниво на RAM и ROM меморија. Телефонот го добивме на тестирање од нашите пријатели во Ledikom.mk - каде може да го најдете на продажба за 12,290 денари. 

Почнувајќи од дизајнот, Y7 Pro 2019 и Y9 2019, кој беше претставен минатата година, имаат сличен дизајн и структура. Станува збор за сјајна конструкција на задната страна со нијансирани бои, која дава премиум и елегантен изглед. Рамките околу дисплејот се минимални, со единствен исклучок на онаа на долната страна, каде се наоѓа Huawei логото. 

Кога сме кај дисплејот, станува збор за голем, 6.2 инчен панел со резолуција од 720 x 1520 пиксели и 19:9 сооднос. Како и повеќето модерни смартфони, за селфи камерата на горната страна се наоѓа notch. 

Продолжувајќи со премиум спецификациите, на задната страна се наоѓаат две камери од 13 и 2 мегапиксели, како и селфи камера од 16 мегапиксели. 

За неговите перформанси ќе се погрижи Snapdragon 450 процесорот, заедно со  3 GB RAM и 32GB меморија - солидно за уред од средната класа. Уште една премиум карактеристика е големата батерија од 4000 mAh, која поддржува брзо полнење и ветува голема издржливост.

Huawei Y7 Pro (2019) е достапен во црна и сина боја, а сите заинтересирани може да го најдат по најповолна цена во Ledikom.mk - од 12,290 денари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.