x

Huawei Y9 (2018): четири камери и моќна батерија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Март, 2018 од GSM.mk

Huawei е најновата компанија која ќе се приклучи на 18:9 трендот на дисплејот. Компанијата планира да го претстави својот нов уред од средната класа, кој покрај подобрувања кај екранот, ќе доаѓа и со моќна батерија..

Новопретставениот смартфон на Huawei, Y9 (2018), доаѓа со 5.93 инчен FHD+ дисплеј, резолуција од 2160 x 1080 пиксели и 18:9 сооднос. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Kirin 659 процесор, 3GB RAM и 32GB меморија. 

Huawei Y9 (2018) officially unveiled with 18:9 display, four cameras, massive battery

Како што пишува во насловот, Huawei Y9 (2018) ќе добива енергија од огромна батерија батерија од 4000mAh. На задната страна се наоѓаат две камери од 13MP+2MP, додека предните камери ќе бидат од 16MP+2MP. 

Смартфонот ќе биде достапен во три бои - црна, сина и златна. Почетната цена ќе биде околу 200 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.